|

ДУИ БАРА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ ЗА СЛУЧАИТЕ „МОНСТРУМ“, „СОПОТ“, „АЛФА“, „АЛМИР“, „САЗДО“ И МНОГУ ДРУГИ

ДУИ се залага за владеење на правото, а не на индивидуата. ДУИ се ангажира за целосен ветинг што подразбира двојна контрола на секој политичар, обвинител и судија во државата зашто интегритетот на раководното лице и на институцијата се основата на здравото општество. Затоа бараме од судските институции повторно да ги разгледаат спорните случаи во јавноста кои силно го нарушија кредибилитетот на судството, констатирајќи спроведување на селективна правда која го дестабилизира општеството, рече на денешната прес-конференција Агим Нухиу од ДУИ.

„Повторно судење на транспарентен начин, меѓународно мониторирање и презумпција на невиност се предуслови за враќање на довербата во судството во случаите како „Монструм“, „Сопот“, „Алфа“, „Алмир“, „Саздо“ и многу други. ДУИ во овој мандат и објавува војна на селективната правда и корупцијата – рече Нухиу и додаде дека партијата успеала во целост да ја реализира својата програма.

Слични Објави