ДУИ НЕ ГО „ПУШТА“ ОБВИНИТЕЛСТВОТО- СИТЕ НИВНИ БАРАЊА ЗА НОВИОТ ЗАКОН ПРИФАТЕНИ

//

Потпретседателот на ДУИ, на денешната прес конференција и официјално објави дека во новиот закон за Јавно обвинителство се прифатени сите барања на нивната партија.

„Апсолутно сите барања на ДУИ и на заедницата веќе се инкорпорирани во двата текста на закони. Успеавме да воведеме Бадентер во изборот на сите јавни обвинители во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, успеавме да ја вметнеме и целосната еднаква, службена, употреба на албанскиот јазик во сите постапки во Јавното обвинителство и во советот на Јавни обвинители, согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците, како и намалување на критериумите за избор на јавни обвинители, при што ќе се обезбеди правична застапеност и на Албанците и на другите заедници во Јавното обвинителство“, рече Груби.





Претходна статија

ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЈО ПОМИНА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Следна статија

СЕДУМГОДИШНО ДЕТЕ ШТО ИСЧЕЗНА ВО ВИУЛИЦА НА АЛЈАСКА, КОПАЛО ДУПКА ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ

Најново од Вести