ДУРЛОВСКИ ОСЛОБОДЕН- ОСТАНАТИТЕ 16 ОБВИНЕТИ ДОБИЈА 211 ГОДИНИ ЗАТВОР

Вести Истакнато Македонија

Митко Чавков поранешниот директор на БЈБ е осуден на 18 години затвор за настаните од 27 април. Освен Игор Дурловски, кој судот го ослободи од обвинението, сите останати добија високи затворски казни.

Покрај Чавков на затворски казни се осудени и Митко Пешов 15 години, Душко Лазаров 15 години, Горан Ѓошевски Леви 15 години, Оливер Поповски 13 години, Оливер Радулов 10 години, Мумир Пепиќ 15 години, Абдулфетах Алими 7 години, Младен Додевски 12 години, Јане Ченто 15 години, Горанчо Ангеловски 12 години, Игор Југ 12 години, Влатко Трајковски 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Никола Митревски Кољо 15 години, Александар Василевски Нинџа 8 години.Освен за Чавков кој веќе се наоѓа во притвор обвинителството побара мерка притвор за сите осудени до правосилност на пресудите.

На извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.