ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ! ПОЧНАА УПИСИТЕ ВО БОКСЕРСКИОТ КЛУБ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Покрај долготрајниот процес на подготовки и залагања боксерскиот клуб „Центар“ од Скопје, сега може да се пофали и со првите спортисти- боксери на клубот: Александар Глушкин, Милан Стојаноски и Викторија Ивановска.

Овие млади луѓе со помош на тренерот Тони Стојановски, нивниот ентузијазам и спортски дух, влегоа во рингот, кој за нив претставува еден почеток во боксерската кариера.

Воедно ги покануваме сите оние кој се љубители на спортот, посебно на боксот како спортска дисциплина, да ни се придружат и заедно да се радуваме на постигнатите спортски резултати.

Уписите се во тек, секој кој што сака да добие подетални информации може да се јави на бројот 078/203-694, се вели во соопштението на боксерскиот клуб „Центар“.