|

Два пожари сè уште активни, еден под контрола

Според последните податоци на надлежните служби, до 06:30 часот утринава на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор.

Од нив, два пожари се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека останатите 26 се целосно изгаснати.

Моментално активни се пожарите во Повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, и во општина Јегуновце, на потегот помеѓу селата Рогачево и Јажинце, каде се зафатени пасишта.

Екипите на терен успеале да го стават под контрола пожарот помеѓу селата Девич и Грешница, исто така во општина Македонски Брод, кој зафатил ниска вегетација.

Слични Објави