|

Устав на Струмичкото благотворително братство „Св. Св. Петар и Павле“, Софија, 1925 г.

Струмичкото благотворително братство „Св. Св. Петар и Павле“ е создадено од емигранти од Струмица и Струмичко на 21 септември 1924 година во Софија.

Чл. 1. Во Софија се основа друштво, кое ќе го носи името Струмичко Благотворително Братство Св. Св. Петар и Павле.
Чл. 2. Целта на братството е да помага материјално и морално за потреби од општествен и приватен карактер на преселените во Бугарија од Струмичко, кога има потреба…
Чл. 4. Членови на братството се граѓани од Струмица и околијата, каде и да живеат тие во Бугарија, како и луѓе блиски на струмичани по роднинска врска.
а) Помошни членови на братството можат да бидат одсекаде, само да се Бугари.
Забелешка: 1. Ако во некој провинциски град има доста голем број преселеници од Струмичко и др., тие ако посакаат, можат да си образуваат одделно братство, огранок на Софиското, раководено од истото…

“Устав на Струмишкото благотворително братство “Св. Св. Петър и Павел”, София, 1925 година

Извор: Библиотека Струмски

Слични Објави