| |

Фондација „Бугарска памет“ со честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам

Фондациjaта „Бугарска памет“ на познатиот бугарски филантроп и мецена д-р Милен Врабевски преку својата официјална Facebook страна ги поздрави сите верници од исламска вероисповест во Бугарија по повод големиот празник Курбан Бајрам.

Почитувани сограѓани муслимани,
Со особено задоволство ги упатуваме нашите пријателски и искрени честитки за еден од најсветлите муслимански празници – Курбан Бајрам.
За сите вас, овој празник е олицетворение на емпатијата, добрината, милосрдието и љубовта кон луѓето. Тој учи на мудрост и толеранција и повикува на одговорен и добронамерен однос кон ближниот.
На овој ден на сите им посакуваме здравје, успех, сила на духот и бериќет.
Курбан Бајрам нека донесе топлина и радост, мир и хармонија во секој дом и секое семејство.
Сите заедно да работиме на зајакнување на чувството на слобода и исполнетост, како и верба во нашата достојна иднина како граѓани на Бугарија, обединета Европа и светот.
Се придружуваме кон вашата радост и ви посакуваме на сите вас и на вашите семејства здравје, среќа, просперитет и подобар живот.
СРЕЌЕН КУРБАН БАЈРАМ!, стои во честитката на Фондација „Бугарска памет“.



Слични Објави