ДВАЕСЕТ НАСЛОВИ ВО ТРКАТА ЗА НАГРАДАТА „РОМАН НА ГОДИНАТА“
Дваесет наслови од 38 пријавени ја поминаа првата селекција за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Како што соопшти Фондацијата, трката за наградата ја продолжуваат:
- „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или -Или“
- „Александар и Клеофила“, Паскал Гилевски, „Панили“
- „Под друга капа“, Владо Јаневски, „Магор“
- „Црна шума“ , Симеон Јанков, „Ми-Ан“
- „Како станав Амадеус“, Трајче Кацаров, „Силсонс“
- „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
- „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
- „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
- „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“
- „Сивиот плоштад“ – Сашо Огненовски, ПНВ Публикации
- „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“
- „Краста на душата“, Владимир Плавевски, „Магор“
- „Вилино“, Винка Саздова, „Три“
- „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“
- „Цариградски емигрант“, Луан Старова, „Три“
- „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
- „Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“
- „Вергина“, Јана Узунова, „Или -Или“
- „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
- „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“
За најдобар роман објавен во 2019 година одлучува жири во состав: Николина Андова-Шопова (претседател), Милован Стефановски, Весна Мојсова-Чепишевска, Славе Ѓорѓо Димовски и Катерина Богоева.
Жирито, кое ќе направи повеќе селекции до соопштувањето на наградата, на состанок ја констатирало изедначеноста на квалитетот на пристигнатите романи и разновидноста на тематските и стилските определби на авторите. Според пропозициите, жирито треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, а наградата ќе биде врачена во првата половина од април.
Наградата годинава се доделува по 21-ви пат и е под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје. Се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“.