|

Двајца судии поднесоа оставки од Судски совет, по хаосот и кавгите

Судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова поднесоа оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за овој чекор се непознати за јавноста, а оставките се депонирани до претседателот Сашко Георгиев. Од Судски совет за „Макфакс“ потврдуваат дека двете оставки се архивирани, но досега не е закажана седница за нивно констатирање.

„Во моментов можам да потврдам само дека има оставки“, велат од Судски совет за „Макфакс“.

Герасимовски е апелационен судија, додека Радевска-Стефкова е врховна судијка. Изборот на Герасимовски во Судски совет беше критикуван бидејќи е избран со осум гласа, од кои, осмиот глас си го дал сам за себе. Оставките ги поднесуваат во време кога од невладините организации побараа Судскиот совет да се самораспушти бидејќи ја урнисува довербата во правосудството преку секојдневните препукувања и начинот на кој ги носат одлуките.

Судскиот совет во последниот месец е мета на негативни критики и од страна на меѓународната заедница.

Слични Објави