ДВАЈЦАТА НАСИЛНИЦИ ОД ШТИП СЕ НА РАСПИТ КАЈ СУДИЈА. ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР

//

С.А. и П.Р. од Штип во моментов се на распит кај судија на претходна постапка Олгица Павлова и треба да го слушнат обвинението и да се изјаснат по него, јавува ТВ СТАР
Во Судот во Штип, тие беа донесени директно од полициската станица со полициско обезбедување. Одлуката на судијката дали ќе бидат притворени или ќе се бранат од слобода се очекува.
Во меѓувреме . Основното обвинителство поднесе предлог за определување притвор, под сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, информираат од Обвинителството.



Претходна статија

НА FACEBOOK СЕ ПОЈАВИ ПОВИК ЗА ПАЛЕЊЕ НА ХОТЕЛИТЕ КАДЕ ШТО СЕ СМЕСТЕНИ ЛУЃЕТО ПОД КАРАНТИН- МИНИСТЕРКАТА ПЕТРОВСКА: ВЕЌЕ СЕ РАБОТИ ПО СЛУЧАЈОТ

Следна статија

ЦРВЕНИОТ КРСТ ВО КИЧЕВО СЕКОЈДНЕВНО ПОМАГА НА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

Најново од Вести