ДВЕ БЕБИЊА СО ТЕШКИ СРЦЕВИ МАНИ ОПЕРИРАНИ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ
Две итни кардиохируршки интервенции на новороденчиња изведе тим на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во последните десет дена. Во услови на пандемија со ковид-19, кога се работи во вонредни услови, со двете операции е спасен животот на двете бебиња кои имаа исклучително тешки срцеви мани, пренесува Плусинфо.
Проблемите на двете дечиња биле дијагностицирани уште во текот на бременоста на мајките, што е нов систем на следење, единствен во „Аџибадем Систина“. Со раната дијагноза и мултидисциплинарниот пристап на лекување, можноста за успех во третманот е зголемена.
Операциите ги изведе комплетен тим од „Аџибадем Систина“ на чело со единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава д-р Владимир Чадиковски. Тој вели дека децата биле донесени во исклучително тешка состојба, но дека сега се добри.
Едното бебе е со телесна тежина од 2,9 килограми со единечна комора и изразена белодробна хипертензија, а другото бебе со 2,2 килограми телесна тежина и со транспозиција на големи крвни садови.
– Интервенциите поминаа во најдобар ред и бебињата закрепнуваат постепено и се во добра кондиција. Системот што го воспоставивме последниве месеци дефинитивно даде плод, а тоа значи следење на трудницата во тек на целата бременост, со направено фетално ехотомографско иследување, разговор со фамилиите за видот на заболувањето и исходот од соодветниот третман. Бебето беше згрижено веднаш по породувањето и се пристапува кон соодветен третман. За сите деца со срцеви мани се грижи тим од 25 доктори од различни специјалности и повеќе од 50 медицински сестри – вели доктор Чадиковски.
Целиот текст прчитајте го тука.

