| |

Две бугарски претстави на театрите од Враца и Плевен ќе учествуваат на „Денови на Комедија 2024“ во Куманово

Две театарски претстави на Драмскиот куклен театар од Враца и Драмскиот куклен театар од Плевен Р. Бугарија, ќе бидат претставени на 27-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Трупата на Драмскиот куклен театар од Враца ќе се претстави со претставата „Фустан за бегство“, додека нивните колеги од Плевен ќе ја прикажат пред публиката во Куманово претставата „Се бара нов маж“.

На фестивалот ќе се претстават велешкиот театар, театарот од Охрид, Театар Комедија од Скопје, театарот од Тетово, театарот од Штип и домаќините од кумановскиот театар. Од странските гости покрај веќе спомнатите бугарски театри на фестивалот ќе настапат и театрите од Врање и Ниш.



Слични Објави