МЕПСО бара поскапување на струјата од цели 68 проценти

/

Државната МЕПСО денеска ја достави пресметката на трошоците до Регулаторната комисија и побара зголемување на цената на струјата за 68 отсто, објави Телма.

Како што објави оваа телевизија, претходно истото го сторија и ЕВН ХОУМ, Електродистрибуција и МЕМО и со ова сите енергетски компании ги доставија пресметките на трошоците до Комисијата.

Заедничко за сите е што пријавија загуби и бараат зголемување на цената на струјата но во различна висина но засега не е познато колку бараат останатите компании.



Од МЕПСО информираат дека барањето за 68 отстотно зголемување на цената се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа, кои се купуваат од слободниот пазар.



Претходна статија

Во Хаг се состануваат Заедничкиот истражен тим за воени злосторства во Украина и обвинителот на МКС

Следна статија

Генчовска: Сметаме на придонесот на Азербејџан кон безбедноста на испораките на природен гас

Најново од Вести