Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел е во работна посета на Германија и Австрија
Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел се наоѓа во дводневна работна посета на Германија и Австрија.
Марија Габриел денеска ќе се сретне со министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок. По средбата двете министерки ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамките на посетата на Германија, првата дипломатка на Бугарија ќе одржи средби со Фридрих Мерц, претседател на ЦДУ и на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот и со Александар Добринд, заменик-претседател на ПГ на ЦДУ/ ЦСУ. Габриел ќе го посети Бугарскиот културен институт во Берлин.
Заедничката прес-конференција на вицепремиерката Марија Габриел и Аналена Бербок ќе се емитува во живо на Х каналите на Министерството за надворешни работи на Германија во 17:50 часот, бугарско време.
Вицепремиерката Марија Габриел на 17 ноември ќе престојува во Виена, каде ќе се сретне со сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Република Австрија, Александар Шаленберг.
По средбата е предвидена заедничка прес-конференција.
Во главниот град на Австрија, Марија Габриел ќе оствари средби и со првиот претседавач на Националниот совет на Австрија Волфганг Соботка и со заменик- претседателката на Австриската стопанска комора- Виена Касија Греко.

