ДВЕ ЛИЦА СЕ ПОТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ПРИЛЕП

Две лица на возраст од 18 и 26 години се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4.30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп.

loading...

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од А.М.(24) од Прилеп и возило „опел зафира“, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп“, информираат од полицијата.



loading...

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.