ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО ПОПЛАВА ВО ШПАНИЈА

Две лица загинаа во поплавите кои го погодија регионот на Валенсија во Шпанија, јавува Плусинфо.

Станува збор за брачна двојка, на возраст од околу 70 години, чиј автомбил бил повлечен од надојдената вода.

За поголемиот дел од југоисточна Шпанија е прогласен црвен метеоаларм поради најобилните врнежи од дожд што го зафатија регионот во последните 100 години.