ЗОШТО ЖЕНИТЕ СЕ А МАЖИТЕ ДА НЕ СЕ?

Мислејќи дека се Адами на земјата, многумина од мажите си даваат за право да мислат дека жената е нивен роб.
Заборавајќи дека денес во 21 век, ропството не треба да постои од никаков аспект и дека тоа одамна е минато свршено време. Забораваат дека денешната жена во секоја смисла може да му парира на секој еден маж. Без да се навреди посилниот пол, но најчесто скоро кај сите нив потребите се исти, универзални и без некакви отстапувања. Да биде чист, испеглан, најаден, напиен и да ја задовли својата потреба за секс. И да да не заборавиме, скоро сите сакаат да направат пари, мислејќи дека тоа е единственото нешто што може да ги направи успешни. Има еден многу интересен момент. Сите сакаат (но никој не разговара по темата каква всушност жена им треба), домаќинка дома, дама на улица и „курва“ во кревет. Но сепак новото време и рамноправноста помеѓу половите доведуваат до искривена претстава на мажите кон самите жени. Жените во новото време се многу посамостојни од порано, самата самостојност ги прави посмели и постабилни, не само по прашање на финансиите. Овие карактеристики мажите ги гледаат како конкурентност и затоа секоја една жена на која ќе и се приближат т.е ја посакуваат а таа е недостижна или ги одбива заради машката суета, ги нарекуваат курви. Курви а што е тоа? Знаат ли мажите? Зошто ги нарекуваат така?!

Затоа што не им дозволила жената да и се приближат?
Затоа што може да му парира на некој маж?
Затоа што може сама да си ја плати сметката во кафана?
Затоа што може сама да си ја обезбеди својата егзистенција?
Затоа што е поголем маж од многу мажи (секоја чест на ендемските видови на мажи)?!

Жената која има повеќе мажи од кои половината ја посакувале и немале ништо со неа, таа ја нарекуваат курва, а вие мажи кои функционирате само на база на неверство што сте? Секојдневното трчање по различни женски здолништа што ве прави вас?
И на крај, не е маж- маж ако не се пофали на другар, а жените уште со срам зборуваат на оваа тема.

Автор: Разбудена