ДВЕ ПОБЕДИ ЗА МАКЕДОНИЈА ВОДАТ КОН ЕВРО 2020, АМА И КОН „ТОП 60“ НА ФИФА-ЛИСТАТА

Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат двата клучни евроквалификациски мечеви, со Словенија в четврток во Скопје и со Полска три дена подоцна во Варшава, во кои црвено-жолтите имаат амбиција да останат во трката за директно место на Евро 2020 низ Европа.

Македонија има осум бода, но високи амбиции да стигне до континенталниот шампионат, а прв предизвик е пресметката со втората Словенија, која бодовно ни бега една победа. Полска е лидер во групата, но македонската селекција предводена од Игор Ангеловски верува дека може да дојде до успех и дури дасе пласира на ЕП.

Ако Македонија успее да направи сензационален успех и од двомечот да освои шест бода (две победи), практично ќе стигне близу најдобрите 60 на ФИФА-листата. Според пресметките, со две победи ќе собере доста бодови, зашто триумф со Словенија вреди 13,7 рејтинг-поени, а со Полска дури 17. Така Македонија со 1369 поени би се нашла според проценките на 63-то место на ФИФА-лисата и би напредувала пет позиции, но тоа што е најдобро е што ќе остане во игра за место на континенталниот шампионат. Со ваков исход, неполни 20-на рејтинг поени потоа би ја делеле Македонија од влез во најдобрите 60 на светот, што би било најдобар наш пласман после повеќе од една деценија.

Македонија со ремија со Словенија (1,2 поени) и Полска (4,5 поени) би останала на сегашната позиција, а во секој друг исход со порази би назадувала. Два порази, кој никој не ги посакува, би ја однеле Македонија и до 76-то место на ФИФА-листата (назадување за осум позиции) со загубени 20-на рејтинг поени (1.319 рејтинг поени би имале така).

Македонскиот селектор Игор Ангеловски вчера го објави списокот за претстојните два меча, но до последен момент ќе чека дали Енис Барди ќе може да игра, а нејазно е колку е подготвен за висок ритам Стефан Ристовски, кој се врати од повредата, но после речиси три месеци нема сè уште одигран меч во високо темпо. За овој двомеч сигурно нема да игра Дарко Велковски поради повреда на задната ложа.

Извор: Спорт1

Слични Објави