МИЛИК СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО НАПОЛИ И АНЧЕЛОТИ: ЌЕ РАЗБЕРАТ ШТО САКАМ ДА КАЖАМ!

Репрезентативецот на Полска, Аркадиуш Милик беше стрелец на вториот гол во победата против македонската репреентација, а по мечот испрати предупредување до Наполи.

Соиграчот на Елиф Елмас во редовите на италијанскиот клуб, Милик порача дека треба да добие поголема минутажа во Неапол.

„Сметам дека треба да играм повеќе од 15 минути по меч, но нема ништо повеќе да кажам, ќе разберат тие на кого мислам и што сакам да кажам. Мојот гол против Макеоднија беше многу важен. Левандовски одлично ми ја додаде топката, а мене ми остана само да погодам“, порача Милик.

Извор: Спорт1



Слични Објави