| |

Две претстави од Софија на 19-то издание на Меѓународниот театарски „Скупифестивал“ во Албанскиот театар-Скопje

Во рамките на 19-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ публиката во Скопје ќе има можност да се наслади на две театарски остварувања од соседна Бугарија.

Во петок со почеток од 19 часот, ќе се одржи перформансот „X“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија на Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев – Туиг.

Истата вечер во 20:30 часот гостува претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар „Иван Вазов“ – Софија, во режија на Деклан Донелан и улоги Радина К’рџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор В’лканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена В’лканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца – актери.

Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ почнува вечер и ќе трае до 4 октомври. Годинава, 19-то издание по ред се одржува под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне“ во просториите на Албанскиот театар – Скопје.



Слични Објави