Двете најголеми партии во РС Македонија во дива трка, која од нив да се покаже како поголем борец против лошите Бугари
Facebook статус на Андреј Ковачев, европратеник од редовите на ЕНП
Од вчера, мојата скромна персона е главна тема во предизборната војна во Северна Македонија. Двете главни политички сили – владејачката партија од СДСМ и опозициската партија од ДПМНЕ меѓусебно се напаѓаат со „тешки компромитирачки материјали“ поврзани за тоа кој од нив повеќе, почесто и порано се сликал со мене… „негаторот на македонскиот народ и историја“.
Целата оваа маалско-кафеанџиска пресметка со „ковачев-ски врски и зависности“, освен што е многу смешна и забавна, е и многу тажна, бидејќи во основа е насочена не против мене, туку против Бугарија, бугарската историја и се што е поврзано со Бугарите во Македонија.
За жал, уште еднаш во нивната изборна кампања – „бугарската тема“ е главна. Двете партии заедно со нивните претседателски кандидати тргнаа во дива трка за да видат кој ќе се покаже како поголем борец против лошите Бугари – „негатори на македонскиот идентитет, јазик и историја“.
За информација на двата изборни штабови во Скопје, во последните повеќе од 15 години сум се сретнал, разговарал и сум се „фотографирал“ со речиси сите политички лидери, премиери, претседатели, министри, пратеници, новинари во Скопје – и левичарски и десничарски – со сите видови, вклучително и оние за кои знаев дека не се воопшто пријателски настроени кон Бугарија. Сите овие состаноци беа јавни и јас секогаш објавував слики и мојот став за овие состаноци. На секоја средба, со секој од нив, директно, искрено и без никакви недоречености кажував што мислам за идеологијата на омраза кон Бугарија и Бугарите наследена од комунизмот и титовистичка Југославија, за историските лаги и манипулации кои се сè уште се шират во јавниот простор и во образовниот систем… и, секако, особено фактот што самиот Гоце Делчев се дефинирал како Бугарин, како и тоа што браќата Миладино, исто така Бугари, не го напишале „Зборникот туку збирка што самите ја нарекле „Бугарски народни песни“.
Импулсот на минатото на Југославија сè уште ја влече Македонија назад! Многу се надевам и посакувам од се срце овие негативности да се надминат со храброст од страна на политичката елита и дека Македонија наскоро ќе биде дел од Европската Унија и нашите најблиски пријатели и соседи ќе станат европски граѓани. Мораме да си помагаме во сè, како што тоа го прават Романија и Молдавија и Грција и Кипар! Пријателство и добрососедство, наместо ширење омраза и неединство!

