ЏАБИР ДЕРАЛА: КАКВИ ПРОЦЕСИ ГИ БЛОКИРААТ ВМРО-ДПМНЕ И НИВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ВАЗАЛИ?

//

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на партиите што, помалку или повеќе очигледно, одработуваат за политичката агенда на оваа партија, во континуитет блокираат извонредно важни процеси во Собранието на РСМ. Ова е преглед на процесите што се главна мета на политичките диверзии на ВМРО-ДПМНЕ и нивните формални и неформални партнери.

Опозициската партија побара да се повлече предлог-законот за попис во текот на комисиската расправа во Собранието на 29 јули. Како што кажа пратеникот Влатко Ѓорчев, предлог законот е штетен и неевропски и не ги исполнува критериумите на ЕУ и Еуростат. Претходно Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ беше категоричен дека  партијата нема да го прифати Законот за попис, таков како што го скроиле СДСМ и ДУИ, а ако власта не ги прифати забелешките ќе ги повика граѓаните на непопишување. Попис нема од 2002 година. Во 2013 година, тогашните коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го прекинаа пописот по бура од политички и етнички тензии, а притоа потрошија и над 13 милиони евра на граѓанките и граѓаните- пишува претседателот на невладината организација „Цивил“ Џабир Дерала во коментар објавен нa www.civilmedia.mk





Претходна статија

ЗАЕВ МУ СЕ ЗАКАНИ НА УСЕИНИ ДЕКА ЌЕ ОДГОВАРА ПА МАКАР И СДСМ ДА ГО ЗАГУБИ МНОЗИНСТВОТО ВО СОВЕТОТ НА ОХРИД

Следна статија

СОПРУГОТ НА ДОКТОРКАТА ШТО ГО ИЗДАЛА БОЛЕДУВАЊЕТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА Е ВРАБОТЕН ВО СЈО

Најново од Вести