|

Џафери: И да сме 2100 година, јас пак на Ахмети ќе му се обраќам со „команданте“

Зошто претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери на лидерот на ДУИ Али Ахмети му се обраќа со „команданте“, праша еден новинар на брифинг со спикерот во парламентот, а одговорот што го добие е „тоа си е моја работа“, пренесува МКД.мк

„Па што има врска што не сме 2001 година, па и да сме 2100 година, јас пак на Ахмети ќе му се обраќам како што јас сакам. Оддамна се познаваме и никој не може да ми каже како да му  се обратам”, рече Џафери.



Слични Објави