ЏАФЕРИ ЈА ОДЛОЖИ СЕДНИЦАТА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈО ЗА УТРЕ, ПРАТЕНИЦИТЕ СЕ ЖАЛЕЛЕ НА ФЕЈСБУК ДЕКА СЕ ИЗМОРЕНИ

Претседателот на Собранието на Р. Македонија, Талат Џафери ја прекина седницата на чиј дневен ред беше законот за јавно обвинителство веднаш откако ја отвори.

За збор се пријавија 30тина пратеници, а Џафери рече дека секогаш бил човечен и седницата ќе продолжи утре во 11 часот.

Како причина за одложувањето Џафери го истакна жалењето на пратениците дека биле изморени. Жалбите тие ги пишувале на социјалната мрежа Фејсбук.