| |

ТРАЈКОВСКИ: СТОП ЗА „АТАКОТ“ ВРЗ ПОЛИТИЧАРИТЕ

„Почитувани сограѓани, локалниот клуб на ГДУ – Битола започнува со позитивен пристап кон политиките и проектите и заштита на политичарите, бизнис елитата и функционерите од нападите во медиумите и социјалните мрежи.

Една актуелна тема во изминатиот период беше изградбата на затворен пливачки базен, па затоа сме токму тука каде што пред околу 25 години заедно со најголемиот православен храм на Балканот беше започната изградбата на првиот затворен базен од тогашната власт на СДСМ. Потоа во близина на спортската сала го „добивме“ и вториот, но овај пат капиталниот проект е на ДПМНЕ и се надевам дека нема да попречува во реализацијата на „изненадувањето“ кое го најави актуелната градоначалничка по само неколку дена откако со директорот на агенцијата за млади и спорт презентираа проект за уште еден затворен базен. Како и да е Битола веќе е еден од градовите со најголем број на затворени базени, а додека на пр. во Тетово видовме дека дури годинава се започнува изградба на ваков базен.

Ние и во иднина ќе се залагаме за заштита не само на локалните туку и на централните политики, политичари, па доколку има потреба и за некои тендерски набавки и се разбира патните трошоци“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ГДУ-Битола, Благојче Трајковски.

Слични Објави