ЈАКИМОВСКИ: ОВА Е ХАЈКА ПРОТИВ МЕНЕ
На денешното прво рочиште за судењето на Емил Јакимовски, кој се товари за закани врз новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, побара да му биде укината мерката притвор.
Но оштетената страна не се согласи со тоа бидејќи смета дека постои опасност тој да го повтори делото.
„Во оваа медиумска хајка против мене се издејствува мое бркање од работа од Централниот регистар, до утре морам да поведам до надлежен Основен суд работен спор, немам можност да поведам постапка бидејќи немам законски застапник. Бидејќи немам можност да се бранам, барам судот да овозможи да се бранам од слобода”, посочи Јакимовски пред судот.
Главната расправа е закажана за 13 февруари.