ЏАФЕРИ ЈА ЗАКАЖА ЗА УТРЕ СЕДНИЦАТА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕТО НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери за утре ја закажа седницата за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, јавува А1Он.

Мандатот како специјална обвинителка на Јанева и завршува на 15 септември. Таа моментално е осомничена во случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Јанева од притвор минатата потпиша решение предметите кои ги води СЈО да бидат префрлени во Јавното обвинителство на Македонија. Од утринава започна процесот за преземање на предметите од едно во друго обвинителство.