Џафери: Постапката за измена на Уставот најдоцна во првите месеци од следната година

/

Постапката за измена на Уставот би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени. Оваа постапка би требало да заврши до крајот на скринингот што е планиран за ноември 2023 година, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

За тоа што ќе се менува со уставните измени и дали само Бугарите и/или припадници на други етнички заедници ќе бидат вметнати во Уставот, Џафери вели дека ќе зависи од она што ќе содржи одлуката за менување на Уставот што треба да биде доставена до Собранието. На лидерската и засега се изнесени само размилувања за други прашања кои би можеле да бидат основа за други уставни измени. Се зависи, вели Џафери, што ќе содржи одлуката за почеток на постапката за менување на Уставот.



Претходна статија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Македонска Каменица, СДСМ и храбри независни советници се ново мнозинство

Следна статија

Колева: Во март ново зголемување на минималната плата и покачување на пензиите

Најново од Вести