ЏАФЕРИ ВО КИНА: АКЦЕНТ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА

//

На средбата со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција г. Џанг Чингли, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери кој ја предводи собраниската делегација во официјална посета на Народна Република Кина, истакна дека минатогодишната посета на г. Џанг на Република Северна Македонија и оваа возвратна посета го покажуваат заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.

Претседателот Џафери истакна дека, ваквите посети на високо ниво и добрите политички односи, носат со себе и голема придобивка за граѓаните а тоа е проширување на економската соработка. Тој во текот на разговорите, акцентот го стави на искористување на можностите за економска соработка и нагласи дека, покрај учеството на кинеските компании во изградба на двата автопати во Република Северна Македонија и можното учество во изградбата на железничката инфраструктура, кинеските инвеститори би можеле да најдат свој интерес и во слободните економски зони и во инвестирањето во капацитети за обновлива енергија. Како потврда на ваквата определба , претседателот Џафери го посочи активното учество на Република Северна Македонија во процесот на соработка 17 + 1 на Народна Република Кина и земјите од Централна и Источна Европа. 

Потпретседателот Џанг подвлече дека, зајакнувањето на парламентарните односи дава значаен придонес на добрите билатерални односи а предлозите за поинтензивна економска соработка ги оцени како полезни за двете држави. Тој истакна дека Народна Република Кина во Република Северна Македонија гледа пријател и партнер и изрази подготвеност за продлабочување на економските односи. Тој понатаму информираше за импресивните резултати на кинеската економија во последната декада и напорите кои постојано се вложуваат за надминување на нееднаквиот развој во земјата и искоренување на сиромаштијата. Покрај континуираните напори за постигнување благосостојба во државата, г. Џанг посочи дека Народна Република Кина се залага и за поголема благосостојба во светот и за таа цел ја развива Иницијативата појасот и патот. 



Претходна статија

„ГАЗЕТА ДЕЛО СПОРТ“: ЧЕЛСИ ИМА НОВ ТРЕНЕР

Следна статија

ТРЕТАТА СМЕНА НА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ГИ ИСЧИСТИ ДИВИТЕ ДЕПОНИИ КАЈ МРТ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да