| |

ЏАМБАСКИ СЕ ОБРАТИ КОН БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

„Крајно време е да биде поставено прашањето за правата и законските интереси на македонските граѓани со бугарска национална самосвест, бидејќи дури македонистите во Софија кои зборуваат за човекови права и слободи никогаш не го покренале прашањето за македонските граѓани со бугарска национална свест“, ова го изјави европратеникот и заменик претседател на ВМРО, Ангел Џамбаски, за време на видео-дебата посветена на Македонија.


„Ние од ВМРО ќе преземеме поцврст курс, посебно во Европскиот парламент. Тоа ќе биде моја задача. Секој еден случај на насилство против Бугарин од Македонија ќе биде обелоденуван на највисок глас. Секој случај на закани во социјалните мрежи, на малтретирање на работното место, секој еден случај на понижување ќе биде објавен пред јавноста. Моите лицемерни колеги од ЕП на зборови многу ги штитат правата и слободите на луѓето. А јас и моите соработници ќе го правиме токму тоа. Се обраќам кон сите Бугари во Македонија, да ни даваат секојдневна информација за секој еден случај на говор на омразата, да не информираат за закани, без разлика дали се во социјалните мрежи или во медиумите или пак на нивните работни места. Сите податоци ќе ги испраќаме до сите европски претставници а исто така и до претставниците на политичките партии овде и ќе бараме нивна реакција“, изјави европратеникот Џамбаски.

Слични Објави