ЏОНСОН ПОДГОТВИЛ НОВИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДОГОВОР СО БРИСЕЛ

/

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека неговата Влада е подготвена на крајот да понуди цврст предлог за нов договор за излез од Европската Унија.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на последниот ден од овој месец, а меѓу лидерите во Унијата расте нетрпението, бидејќи Обединетото Кралство не го предало деталниот план за оставање отворени граници меѓу Северна Ирска и Ирска, што е главна точка на договорот.

Планот на Велика Британија ќе биде испратен во Брисел по звршувањето на конференцијата на владејачката Конзервативна партија во Манчестер, а Џонсон најави дека деталите ќе бидaт познати многу брзо. Тој истакна дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ, како што е планирано на 31 октомври, со или без договор.

„Нема смисла брегзит, ако останете „заклучени“ во царинската унија и во единствен пазар без права на став – „НЕ“, рекол Џонсон за Би-би-си.



Тој не објаснил што предложила Британија како алтернатива.

Претходна статија

РУСИЈА УСПЕШНО ТЕСТИРАЛА НУКЛЕАРНА РАКЕТА СО ДОСТРЕЛ ОД 5500 КИЛОМЕТРИ

Следна статија

БРАТОТ НА ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ОСУДЕН НА ПЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР

Најново од Вести