РУСИЈА УСПЕШНО ТЕСТИРАЛА НУКЛЕАРНА РАКЕТА СО ДОСТРЕЛ ОД 5500 КИЛОМЕТРИ
Русија тестирала нуклеарна ракета со дострел од 5 500 километри , колку што изнесуваприближно целиот континентален дел на Европа.Руските државни медиуми објавија дека денеска успешно ја тестирале нуклеарната ракета ,,Топол –М” , а нејзиниот дострел значи и кршење на советско – американската спогодба за забрана за користење нуклеано оружје од среден и краток дострел , потпишана 1987 година, што истече минатиот месец.
Ракетата била истрелана од космодромот Плесецк во северозападна Русија, на целта чија локација во регионот Камчатка не била откриена, соопшти новинската агенција ТАСС.
Тоа е опсег од околу 5500 километри, што е горната граница на опсегот опфатен со руско-американскиот договор за забрана на нуклеарно оружје со среден дострел. Ваквиот дострел ја опфаќа целата континентална Европа.
САД се повлекоа од договорот, тврдејќи дека Русија го прекршила со производството на ракети способни за дострел од 500 до 5500 километри , што беше забрането со договорот.
Извор: Тв Стар