| |

(Галерија) Свечено заврши 42-то издание на „Малиот битолски монмартр“

Заврши 42. издание на Малиот битолски монмартр со свечено доделување на наградите за најдобрите учесници, јавува битолскиот онлајн магазин Читајбе.

Највисоките награди од годинешното издание отидоа во рацете на:

*Најдобар учесник – ученик на светската детска ликовна колонија за Мируна Иоана Морте – Романија. Ученичката доби и посебно признание од Здружението на занаетчии на Битола – сребрен крст кој е изработен во 1000 годишен калап.

*Најдобро школо на светската детска ликовна колонија за Simply Art – Хонг Конг [ Кина ]. Наградата е доделена по Статут од страна на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола преку Плакета чиј Покровител е Градоначалникот на Општина Битола.

12 награди за индивидуален ликовен пристап беа доделени на:

Матеја Анџиќ – Босна и Херцеговина
Виктор Длабач – Црна Гора
Леа Стерјев – Македонија
Јали Алперт – Израел
Вукан Словиќ – Србија
Ахмет Тургут – Турција
Лау Чин Хеј – Кина [ Хонг Конг]
Ени Широла – Хрватска
Пател Аахана Манишвахаи – Индија
1О. Нора Хорват – Србија
Мируна Теодора Мариа – Романија
Кашви Динеш Ратход – Индија

Доделена беше благодарница на ОО Црвен Крст Битола за соработката со нивните волонтери.

За време на колонијата на која учество имаа 20 делегации од 15 држави од цел свет а на која што твореа над 80 учесници [ вкупно 120 гости ] беа создадени и оставени во трајна сопственост на студиото над 400 ликовни дела од 5 колониски дена во Битола и по еден во Охрид и Бигорски Манастир.

Од Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола информираат дека делата од Манастирот Свети Јован Бигорски ќе бидат донирани на Бигорската Обител додека со КИЦ Битола ќе реализираат заедничка изложба како последниот колониски ден сите учесници – млади ликовни уметници го сликаа Офицерски дом – Битола.

Делегација на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола веднаш по церемонијата на наградување отпатува за Франција каде во Париз и Троа ќе земат учество на 30 јубилејна изложба на УНЕСКО каде во конкуренција на 75 држави Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј од Битола освои 20 признанија – 13 награди како и посебни признанија за студиото и претседателката Елена Хаџи-Антоновска.

Во Франција патува и највисоко наградениот ученик која е трета во светот во категоријата млади ликовни уметници од 14 до 18 години.

Во рамките на пет дена, учесниците создадоа тематски слики и имаа можност да посетат симболични места во Северна Македонија.

„Посебно му благодариме на д-р Врабевски и на Фондацијата „Бугарска памет“, без кои немаше да биде возможен овој значаен настан за децата ширум светот“, изјави Славчо Неделковски, претседател на одборот на директори на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“. Потсетуваме дека овогодинешниот настан се одржа благодарение на финансиската поддршка на д-р Милен Врабевски во износ од близу 19 илјади евра, откако годинава, за прв пат по 42 години, македонската држава не обезбеди средства за спроведување на најголемиот детски уметнички фестивал, информираат од Фондација „Бугарска памет“.



Слични Објави