|

„Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот“, велат од СДСМ

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори“, велат од СДСМ.

„Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , за чисти избори, зошто тоа не го предложи сама?

Ако е за фер избори, зошто не каже јасно кои се проблемите со електронското гласање и зошто ВМРО-ОКГ инсистира токму на модел кој, како што самата признава, се применува во само две или три земји?

Кога се знае кој ја води државата – Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, воведувањето на ризичен модел на гласање е исто како да му се дадат клучевите од трезорот на осуден крадец на банка и да се надеваме дека ништо нема да фали.

Да потсетиме: Претседателката е членка на партија која организираше изборни кражби. Ако не учествувала директно, еднакво е одговорна затоа што молчеше.

Како претседателка на сите граѓани, нејзината функција не се сведува само на протокол, танц и јога. Таа има обврска да се бори за еднаквост пред законот за секој граѓанин на Македонија.

Како професорка по право која веќе призна дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет и јазикот, таа можеше и требаше јасно да каже дека ослободувањето на Никола Груевски и на нивниот медиумски шеф Драган Павловиќ Латас е катастрофално за сите граѓани.

Со тоа се покажа дека законот не важи еднакво за сите. Можеше да каже и дека враќањето на „Бела палата“ – имот стекнат со криминал и корупција – е преседан невиден во ниедна европска држава.

Наместо тоа, Претседателката избра да зборува само за делови од Изборниот законик кои одговараат на ВМРО-ОКГ. Тоа не е грижа за дијаспората. Тоа е селективна политичка позиција која го штити режимот, а не интересот на граѓаните“, соопшти СДСМ.

 

Слични Објави