(Галериja/Видео) Бугарската заедница во Чикаго го прослави 24 мај со Парада на Бугарија/Собир на бугарската заедница
Илјадници Бугари со песни, ора и музика го прославија 24 маj-Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура. Бугарската заедница во Чикаго го одбележа овој голем бугарски празник со трето издание на Парадата на Бугарија/ Собир на бугарската заедница.
„Оддадовме почит на светото дело на бугарските учители кои го палат пламенот на просветлувањето во душите на нашите деца. Обединети, застанавме зад каузата за зачувување на бугарскиот јазик и култура во Америка, како нераскинлив дел од нашиот идентитет“, вели Светослав Станков,генерален конзул на Бугарија во Чикаго.
Во своето обраќање пред присутните на големиот бугарски собир Станков ја подвлече важноста на бугарската духовност, што ги издржала сите историски бури.
„Денеска е празник, кој секој Бугарин го враќа, во времето кога „Божјиот дожд на буквите“ ѝ даде живот на душата на нашиот народ, на семето од кое произлезе бугарската просвета и култура.
Венците и свежото цвеќе со кои ги украсуваме ликовите на Светите браќа Кирил и Методиј и цвеќето положено пред спомениците на основачите на книжевните школи во Плиска, Преслав и Охрид, се симбол на бугарската духовност, што ги издржала сите историски бури“, вели Станков.
Специјална гостинка на Третото издание на Парадата на Бугарија и прославата по повод 24 мај беше познатата бугарска естрадна уметничка Јорданка Христова, миленичка на генерации Бугари.
Погледнете ја галеријата од овој прекрасен бугарски празник во Чикаго:


















