Со изложба пред Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, одбележани 200 години од објавувањето на Рибниот буквар
Во градската градина пред Народниот театар во Софија беше отворена изложба посветена на 200-годишнината од издавањето на Рибниот буквар, јавува БНР. Изложбата е подготвена од Централната библиотека на Бугарската академија на науките и е двојазична – плакатите се на бугарски и англиски јазик.
На 14 паноа е претставен предговорот и поединечните делови на букварот, најраните осврти за него, како и информации за Петар Берон како научник, просветен работник и донатор, рече Силвија Најденова – директорка на библиотеката БАН:
„Го прикажуваме првото издание на „Рибниот буквар“, објавено во 1824 г. , што е во сопственост на нашата библиотека. “
Меѓу првите посетители на изложбата беа генералните директори на БНР и БТА Милен Митев и Кирил В’лчев:
Во изложбата подготвена од Централната библиотека на Бугарската академија на науките е претставено првото издание на „Букварот со различни поученија“ од 1824 година, кој останал во историјата како Рибниот буквар. Неговите изданија од 1847 и 1850 година, исто така се чуваат во библиотеката.
Изложбата е дел од иницијативите што ја придружуваат прославата на 155-годишнината од формирањето на БАН и може да се погледне до 28 мај 2024 година.
