СЛОВЕНИЈА ПРИЗНАВА САМО НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ НАПРАВЕН ВО ЗЕМЈА ОД ЕУ, НЕ ПОСТАР ОД 24 ЧАСА

Словенија од вчера ги промени правилата за влезе според кои престојот во земјата е можен без карантин, но со негативен ПЦР тест направен во ЕУ, односно од Шенген зоната, кој не е постар од 24 часа, се вели во одлуката објавена на веб-страницата на словенечката амбасада во Белград, пренесе Н1.

loading...

Според новата одлука веќе не е можно да се влезе со негативен ПЦР- тест направен во институции во Србија или друга земја надвор од ЕУ, односно Шенген зоната.

Како што е наведено, влез во Словенија од земјите на тнр. „црвена листа“ без домашен карантин или без приложување негативен тест е можен само во седум случаи:

-Прекуграничен мигрант, кој е вработен во една од земјите-членки на Европската унија или друга земја од Шенген – зоната, за што има доказ или со потпишана изјава ја докажува причината за преминување на границата како дневен мигрант и се враќа во рок од 14 часа од преминување на границата;

-Лице кое извршува задачи во меѓународниот транспортен сектор, а тоа ќе го докаже со „Уверение за работници во меѓународниот транспортен сектор“ или друг соодветен документ од работодавачот;

-Лице кое превезува стока во или од Словенија во комерцијален сообраќај, како и за товарен сообраќај во транзит и ја напушта Словенија во рок од осум часа по преминувањето на границата;

-Лице кое транзитира низ Словенија и заминува не повеќе од шест часа по влегувањето;


loading...

-Претставник на странска безбедносна институција (полиција или судство), кое извршува службена задача и ја напушта Словенија што е можно поскоро по завршувањето на задачата;

-Лице кое било донесено во Словенија со брза помош или е медицинска придружба во тоа возило;

-Лице со дипломатски пасош.

Како што е наведено, веќе не важат исклучоците кои се поврзани со образование, итни деловни причини, планиран итен медицински преглед или постапка, за сопственици на земјиште на граница или од двете страни на државната граница, поради одржување контакти со најблиските членови на семејството. за пристап до продавници и услуги во соседната држава…

За да се дозволи влез во овие случаи, потребен е негативен тест, во спротивно лицето ќе биде испратено во карантин.