Ѕвезда на ТикТок пронајдена мртва: Тинејџерката била избодена до смрт во парк во Англија
Шеснаесет годишна девојка вчера била пронајдена мртва во парк во Ворингтон, Англија. За нејзината смрт се осомничени двајца тинејџери, пренесуваат медиумите.
Брајана Геј, која беше влијателна ѕвезда на ТикТок и Инстаграм, била трансродова, а се верува дека нејзиното убиство било со предумисла. Таа наводно е родена како момче, а живеела како девојче во последните неколку месеци.
Таа била пронајдена избодена до смрт вчера во паркот околу 15 часот, а по доаѓањето на местото на настанот лекарите можеле само да констатираат смрт. Во овој момент не се знае со што, ниту како е убиена Брајана.
Во најновото видео кое го објави на социјалните мрежи, таа беше расположена и насмеана на камерата.
Полицијата покрена истрага и соопшти дека смета дека се работи за насочено кривично дело. Синоќа потврдија дека се приведени 15-годишно момче и девојче, кои се осомничени за убиството на Брајана. Уапсените се во притвор и денеска треба да бидат сослушани.
Полицијата ги замоли граѓаните кои биле во паркот во моментот на убиството да контактираат со нив. Тие изјавија дека не веруваат оти тоа што Брајана била трансродова е мотивот за убиството.
„ Во овој момент нема докази дека се работи за кривично дело од омраза“, велат од полицијата.
Оружјето со кое била убиена Брајана сè уште не е пронајдено.
„ Во тек се бројни истраги и ќе утврдиме што му претходело на ова кривично дело и зошто е извршено“, велат полициските службеници.
