| |

Е. ЗАХАРИЕВА: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е ЗАЕДНИЧКИ ХЕРОЈ ШТО ТРЕБА ДА НЀ ОБЕДИНУВА

„Гоце Делчев е заеднички“-истакна шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева утринската програма на БТВ како одговор на прашањето : Чиј е Гоце Делчев на Бугарија или Македонија?

„Имаме заедничка историја, тоа стои и во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Тоа што Бугарија го сака е да се каже вистината. Гоце Делчев е Бугарин, една од најважните личности за нив, кој се борел за автономијата на Македонија и Одринска Тракија. Не гледам причина зошто треба да се караме за него, би требало оваа историска личност да нѐ обединува, а не да нѐ разделува. Имаме прекрасни односи со премиерот Заев, но патот кон заедничката доверба е долг, знаците на почетокот не се лоши“- изјави Захариева.

Слични Објави