| |

Е.ЗАХАРИЕВА: РАБОТИМЕ ЗА ИСПРАЌАЊЕТО НА БУГАРСКИ УЧИТЕЛИ ВО АЛБАНИЈА

„По признавањето на бугарското малцинство во Албанија и почетокот на емитување на бугарски емисии во етерот на државната телевизија, Министерството за надворешни работи и амбасадата на Република Бугарија во Тирана, го стартирале проектот за испраќање на бугарски учители во реоните во кои живее бугарското национално малцинство“- тоа го соопшти шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, која денеска во бугарскиот парламент, одговараше на пратенички прашања.

Министерката Захариева подвлече дека залагањето на бугарската дипломација за бугарското малцинство во Албанија е само еден дел од основниот надворешнополитички приоритет на владата на Бугарија во поддршката на етничката припадност, јазикот и културата на бугарските заедници во светот.

Слични Објави