| |

ЕАЦБ: ВЕТОТО ОД МАКРОН ОТВОРА ПРОСТОР ЗА ГЕОПОЛИТИЧКИ РАЗМЕСТУВАЊА НА БАЛКАНОТ

Рускиот сојузник Србија сака да ја преземе иницијативата во Западен Балкан на сметка на НАТО и ЕУ, додека францускиот претседател Емануел Макрон во јавноста зборува за нова визија во партнерството со Русија. Наспроти тоа Бугарија мора да ги продлабочи своите односи со Северна Македонија, се наведува во декларацијата на Евроатлантскиот центар за безбедност (ЕАЦБ), по ветото за старт на преговорите на Скопје и Тирана со ЕУ, пренесува БГНЕС, јавува Фокус.

– По одбивањето на отворање преговори за членство со Северна Македонија од ЕУ, во регионот започнува да се враќа евроскептицизмот. Македонското општество се чувствува предадено од старата Европа. Во име на решавање на емоционално натоварените историски прашања (Договорот за добрососедство во Бугарија и договорот за името со Грција), владата на премиерот Зоран Заев презема внатрешно политички ризик. Така одбивањето на ЕУ доведе до закажување на предвремени парламентарни избори и опасност на власт да дојде политичка сила со јасна антибугарска реторика, што би го одложува влезот во НАТО, се наведува во документот.

Според авторите на извештајот, последните случувања јасно го прикажуваат геополитичкото разместување во регионот.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави