НЕКОЛКУ ЧЕКОРИ КАКО ДА ЈА ПОДГОТВИТЕ КОЖАТА ПРЕД ДА НАНЕСЕТЕ ТЕЧНА ПУДРА

ЧЕКОР 1: ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО
Исто како што не би нанесувале крем на нечистени чевли, истото важи и за лицето и течната пудра! Основата на се е чиста кожа, затоа пред нанесување на пудрата измијте го лицето со нежно средство за чистење. Нанесете го со нежни кружни движења и исплакнете со вода. Ако имате сува кожа, измијте се со крем за чистење или млеко.

ЧЕКОР 2: ТОНИРАЊЕ НА КОЖАТА
Следниот чекор е да ја вратите pH вредноста на исчистената кожа – ова е местото каде тоникот одекнува! Тоникот е важен производ за негата на кожата, кој не треба да се прескокнува. Тој, исто така, ги отстранува нечистотиите, кои не сме ги исчистиле со средството за чистење на кожата. Тоникот, исто така, ќе ја омекне и хидрира кожата.

ЧЕКОР 3: СЕРУМ и КРЕМ
За да и дадете на вашата кожа состојки кои ќе ја негуваат и штитат кожата во текот на денот, одберете хранлив серум со антиоксиданти и растителни екстракти.
Идеално би било пред нанесување на пудрата да користите полесен крем за лице што содржи SPF фактор. Ако се борите со акни и мрсна кожа, побарајте креми без масло. Ако страдате од сува кожа, побарајте креми кои се побогати и погусти по текстура,за да ја хидрираат кожата и да и дадат посјаен изглед. Ова ќе спречи пудрата да навлезе во порите и да се направат линии на кожата.

ЧЕКОР 4: ДАЈТЕ И ВРЕМЕ НА КОЖАТА ДА ЈА ВПИЕ КРЕМАТА
Идеалното растојание помеѓу примената на дневниот крем и течната пудра е околу 40 минути. Ако течната пудра ја нанесете веднаш по нанесувањето на кремата, ќе почне да се апсорбира во кожата заедно со неа, а тоа е ефект што не го сакаме. Затоа, за време на оваа пауза, можете да појадувате наутро, да си ја средите косата и да се облечете, што е доволно време кремот да се апсорбира.

ЧЕКОР 5: ПРАЈМЕР
Прајмерот е многу корисен производ за шминка и неговата улога е да ги потполни брчките, порите и лузните и да го продолжи времетраењето на шминка на лицето. Секогаш изберете прајмер според типот на кожата и ефектот што сакате да го постигнете: ако имате мрсна кожа, одберете мат силиконски прајмер, а доколку кожата ви е сува, побарајте хидратантен прајмер како крем, кој ќе ја храни и подготви кожата за течната пудра.

ЧЕКОР 6: Сега е време за течната пудра!
Откако ќе ги завршите сите овие чекори, време е да ја нанесете течната пудра, со помош на прстите, сунѓер или четка за шминкање, во зависност од финишот што сакате да го добиете на кожата. Пудрата нанесена по темелната подготовка на кожата ќе биде многу поубава на лицето, ќе изгледа поприродно и ќе трае подолго!

Слични Објави