ЕДЕН ОД РАКОМЕТАРИТЕ СО НАЈДОЛГ СТАЖ СИ ЗАМИНУВА ДО ВАРДАР
Егзодусот од Вардар очигледно ќе продолжи и следното лето, бидејќи шпекулациите велат дека Данил Шишкарев од идната сезона ќе го носи дресот на Веспрем.
Рускиот репрезентативец е еден од ракометарите со најдолг стаж во „црвено-црниот“ табор, но очигледно и нему му е преку глава од случувањата во клубот, па си најде нов ангажман. Десното крило ги следи стапките на Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Арпад Штербик, кои од Вардар се преселија во унгарскиот гигант.
Шишкарев во Вардар дојде во 2014 година од Чеховски Медведи и се промовираше во еден од најстандардните играчи. Секако беше дел од двете шампионски генерации на Вардар во 2017 и оваа година, кога „црвено-црните“ ја покорија Европа.
Извор: Спорт1
