ЕДИНАЕСЕТ ЛИЦА ВО КАРАНТИН ВО ОБЈЕКТ ВО ДЕМИР КАПИЈА

//

Министерството за труд и социјална политика информира дека во Демир Капија, на локација во атарот на село Ергеле, во моментов се сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на коронавирусот.

„Во објектот се обезбедени сите услови за престој на лицата, редовно се доставуваат средства за хигиена, оброците се дистрибуираат спакувани во индивидуални порции, а здравствена заштита е обезбедена од мобилни здравствени тимови. Дополнително, секојдневно се спроведува дезинфекција на објектот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Од таму додаваат дека со поддршка на меѓународните организации, овој објект минатата година целосно бил реновиран и истиот е пристапен и за лица со физичка попреченост.

Во редовни услови, овој објект ќе функционира како давател на социјални услуги кои не вклучуваат долгорочно згрижување, како што е одмена на семејна грижа и слично.



Извор: Макфакс

Претходна статија

КИНА ТВРДИ ДЕКА ЈАПОНСКИОТ ЛЕК ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСOТ

Следна статија

ДА СЕ ЗАМРЗНАТ КРЕДИТИТЕ И ДРУГИТЕ ДАВАЧКИ НАСТОЈУВААТ ОД ГДУ

Најново од Вести