| |

КИНА ТВРДИ ДЕКА ЈАПОНСКИОТ ЛЕК ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСOТ

Кинеската влада објави дека јапонскиот лек против вирусот на грип, исто така, има ефект врз коронавирусот, пренесува јапонскиот весник „Никеи“.

Пекинг веќе започна со препорака на лекот „фавипиравир“, кој се продава во Јапонија под името „авиган“.

Директорот на кинескиот Центар за развој на биотехнологија, Џaнг Сјинмин, рече дека јапонскиот лек против грип „не предизвикал никакви несакани ефекти за време на клиничкото испитување“, објави кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Лекот го прави јапонската компанија „Фуџифилм Тојама хемикал“, а од февруари им се дава на пациентите заразени со коронавирус во Јапонија.

Во Јапонија постои резервираност околу употребата на „фавипиравир“, пишува јапонски „Никеи“. Лекот беше одобрен во Јапонија во 2014 година под услов да се користи само доколку владата тоа го одлучи поради борбата против нови вируси на грип или оние кои повторно се појавуваат. Научните студии покажаа дека лекот може да предизвика деформитети или смрт на неродени деца.

Извор: Макфакс



Слични Објави