Еднократна парична помош за секое прваче во Аеродром
Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош од 3.500 денари за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината.
Рокот за пријавување е од 15 јуни до 29 септември 2023 година.
Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година, заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија на извод од Матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.