|

(Видео) Судските работници си ги бараат парите, потсетувајќи на платите на функционерите: На работ од егзистенција сме

Членови на независниот синдикат за судска служба на Македонија се собра да искаже револт кон неработењето на Судскиот совет во делот на донесување на одлуки кои се согласно правилник и согласно кој се регулираат додатоците на плата. Тие се одлучија да излезат на штрајк бидејќи повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на плата.

„Под итно ќе побараме кај претседателот на Судскиот совет да ни се вратат додатоците до 35% исто и под итно да се донесе новиот Закон за судска служба кој веќе една година се одолговлекува, јас учествувам во тој закон и не гледам карај, така да бараме под итно да се донесе новиот Закон за судкса служба, додатоците да ни се вратата, тие додатоци се од судскиот буџет не се од Министерство за финансии бидејќи ние, Судскиот буџет го полниме со средства од паушали. Бараме итно, како што има 78% за функционерите, европски плати за нив и за нас“, Јасмина Величкова, претседател на судската служба на Македонија.

Челеовите на Здружението заедно со Синдикатот се организираа за да го искажат своето незадоволство од недамнешната одлука на судскиот совет за одбивање на барањето на здружението со која се бараше да се исплатат најмалку 25% додатоци на судската служба.

„Во барањето освен што се одби, беше донесена и одлука со која се одбиваат и додатоци за месец мај 2023 година. Ова незадоволство го искажуваме затоа што 90% од вработените во судската служба се на работ на егзистенција. Просечната плата која се исплаќа на овие лица е 25 000 денари додека кошничката на 4 члено семејство за месец мај е 50 000 денари. Бараме сите надлежни органи, судскиот совет да донесат одлука да се координираат и да ги обезбедат средствата за исплaта на најмалку 35% додатоци на судските службеници до донесување на новиот закон за судска служба“, рече Рената Георгиревска потпретседател на Здружение за судска администрација.

Слични Објави