|

ЕК НЕМА ПОВЕЌЕ ДА НАРАЧУВА ВАКЦИНИ ОД „АСТРАЗЕНЕКА“

Европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон денеска изјави дека Европската комисија не ги обновила нарачките за вакцини од „АстраЗенека“ по јуни, јавува Фокус.

Европската комисија минатиот месец поднесе тужба против „АстраЗенека“ за непочитување на одредбите од договорот за испорака на вакцини против коронавирус.

Британско-шведската фармацевтска компанија е критикувана затоа што нема „сигурен“ план за овозможување навремено доставување на вакцините.



Слични Објави