| |

ЕК: РС Македонија да го спроведува Договорот со Бугарија и да го намали говорот на омраза

Северна Македонија мора со добра волја да го исполни Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Измените на Уставот треба да се извршат како приоритет, а работата на парламентот да се подобри. Треба да се подобри и спроведувањето на законодавството за говор на омраза. Ова се дел од препораките на Европската комисија за реформите потребни за влез во ЕУ, наведени во годишниот извештај на Комисијата, објавува БГНЕС.

Одржувањето на првата меѓувладина конференција во јули е јасно признание за решеноста на Северна Македонија да ги спроведе реформите поврзани со ЕУ, се тврди во извештајот.

„Постоечките билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција, како и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, мора да се спроведуваат со добра волја од сите страни“, се вели во извештајот.



Слични Објави