Владините антикризни мерки во фокус на Економско социјалниот совет

/

Антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, биле во фокусот на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС), а на кој се расправало и за барањето за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите.

-На седницата на ЕСС, освен членовите на ЕСС учествуваа и претставници на нерепрезентативните синдикати и бизнис конфедерацијата на Македонија. Покрај редовните точки од дневниот ред, во фокусот на седницата беа антикризните мерки на Владата, како и предлог мерките од страна на социјалните партнери, кои понатаму по нивно допрецизирање, по заклучок на ЕСС ќе бидат доставени на разгледување од страна на Владата, информира по седницата Министерството за трид и социјална политика.

Социјалните партнери, според соопштението, разоварале за даночната реформа, годишниот Извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет за 2021 година, иницијатива за ратификација на три конвенции на МОТ за БЗР во три сектори – рударство К176, градежништво К167 и земјоделство К184 и барањето за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите.

Со оглед на актуелните состојби во државата, претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на членовите на Советот им изразила уверување дека седниците на ЕСС во периодот кој доаѓа ќе се реализираат зачестено.

Со новиот сет мерки во вредност од 350 милиони евра што го претстави Владата минатиот викенд, се предвидува финансиска помош за најранливите категории граѓани и за пензионерите,

По 3.000 денари месечно во наредните четири месеци, или вкупно 12.000 денари, ќе примаат 42 000 граѓани од ранливи категории. Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на гарантирана минимална плата и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра, рече Ковачевски. Директна финансиска поддршка ќе има и за пензионерите приматели на најниски пензии: над 91 600 пензионери кои примаат до 11.525 пензија ќе бидат помогнати со по 1.500 денари месечно односно вкупно 6.000 денари за четири месеци. Помош од вкупно 3.000 денари се обезбедени за пензионерите кои земаат пензија од 11.525 до 14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За таа мерка, се издвоени над 12,2 милиони евра. Пензионерите може да ја очекуваат најновата владина поддршка од идниот месец доколку Собранието ги изгласа потребните законски измени.



На владината седница беа усвоени и мерки за поддршка на приватниот сектор, коишто ги таргетираат микро, малите и средни компании. Со нив се проширува опсегот на компании  корисници на кредитно – гарантната шема, од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Се обезбедува директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, согласно тековната состојба, како и трговци поединци: занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход). Исто така, забрзан и зголемен поврат на ДДВ, како и обезбедување поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со цел полесен пристап до капитал. Ќе продолжи и Mерката 25 преку Развојната банка на Северна Македонија и комерцијалните банки, односно овозможување кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Петровска – Кареирас: Северна Македонија и Португалија ја развиваат одбранбената соработка

Следна статија

ЕК: РС Македонија да го спроведува Договорот со Бугарија и да го намали говорот на омраза

Најново од Вести